Епидемијата со коронавирусот во земјава повторно зема замав. Болниците се полнат. Граѓаните чекаат вакцини.
Во обид да се стабилизира состојбата, власта воведе рестриктивни мерки, но се уште не знае кога ќе стигнат вакцините за да почне масовна имунизација. Набавките дополнително се комплицираат, државниот врв посочува дека се лобирало секаде, но патот до вакцините е тежок за малите земји. Опозицијата обвинува дека во земјава нема вакцини поради намерата за коруптивни зделки на здравствените власти.
Во Топ тема со Наташа Стојановска, Венко Филипче – министер за здравство и д-р Дејан Докиќ, пулмолог.
https://youtu.be/FKU907Nquvc
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.