Македонија Топ вести

Екологијата мора да биде приоритет на граѓаните и власта

Еколошката свест и зачувувањето на животната средина мора да биде многу повисоко на владината агенда, институциите мора да имаат поголем пристап до средства и да се подобро екипирани а треба да се работи на транспаранетноста и вклучивање на невладиниот сектор. Ова се само дел од заклучоците од денешната консултација за работата на Секторската работна група за животна средина и климатски промени.

Екологијата не била ниту е приоритет на Владата а граѓанитенемаат никаква еколошка свест и мора да се едуцираат, смета претставникот на делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини.

Невладининиот сектор кој ја следеше работата на секторската работна група со низа забелешки.

Министерот за екологија Насер Нуредини кажа дека граѓанските организации имаат отворена врата во министерството кое го раководи и најави поголема транспарентност. Тој најави дека заедно со МАНУ се изготвува закон со кој би се намалиле штетните емисии на гасови но и дека е обезбеден кредит од 105 милиони евра наменет за менаџирање на отпадната вода и водата за пиење и третирање на отпадот

Животната средина и екологијата се во поглавјето 27 од преговорите со ЕУ и имаат исто значење и важност како и корупцијата и реформите во судството. Токму затоа неодамна беше усвоена и „зелената агенда“ за Западниот Балкан со која треба да се подобри состојбата во Македонија и соседните држави.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

Дејан Дејан

М-НАВ се полни со сѐ и сешто, но не со контролори кои се најпотребни, реагираат од синдикатот по објавениот оглас за вработување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе