Владеачката парија во иднина планира да го смени името од “Социјалдемократски сојуз на Македонија” во “Социјалдемократи на Северна Македонија”, додека скратеното име би останало и натаму СДСМ, изјави премиерот и лидер на социјалдемократите, Зоран Заев.
-Тоа може да биде на следниот конгрес, ние тоа не можеме на извршен или на централен одбор, кој ретко се свикува. До сега имавме само еден конгрес и тој беше онлајн и не знаевме до каде ќе биде ефикасен. Во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Има иницијатива за име „СДСМ – Социјалдемократи од Македонија“, но има и други идеи – рече Заев.