Македонија Топ вести

Дали Ахмети се подготвува за политичка пензија?

„Недоразбирањата меѓу двете крила во ДУИ, предводени од Артан Груби и од Изет Меџити се надминати“. Ваков впечаток сака да остави раководството на партијата, кое за време на викендот цели осум часа „ги пеглаше“ разликите во рамки на седницата на претседателството. Во политичките кругови се очекува внатрепартиската врева да се стиши бидејќи наближуваат локални избори, за кои е потребно единство. Аналитичарите говорат за две можни сценарија.

Вториот агол на гледање е поврзан со можноста за заминување на Ахмети во политичка пензија. Иако сите фракции му се лојални, прашање е која би ја задржала неговата обединувачка улога.

Разногласието во ДУИ не се појавува за прв пат. Пратеникот Арбен Зибери вели дека сега партијата е уште посилна и покомпактна.

Поради отсуство на Изет Меџити и уште двајца пратеници, Собранието немаше кворум цел месец. Меџити е познат како теренски активист со големо влијание врз членството. Не ја крие близината со Муса Џафери и Блерим Беџети, но и внатрепартиското незадоволство од Артан Груби, за кого најавува интерпелација.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

Дејан Дејан

М-НАВ се полни со сѐ и сешто, но не со контролори кои се најпотребни, реагираат од синдикатот по објавениот оглас за вработување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе