Вести Македонија Топ вести

Коцарев ретерира, изнесените мислења биле негов личен став

Првиот човек на МАНУ, кој со своите ставови ја разбранува јавноста за наводното укинување на Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност, денес ретерира. Мислењата кои ги изнел на кординативниот онлајн состанок со стручната јавност за одбележување на „ 2021 – Година во чест на Блаже Конески“ под покровителство и присуство на претседателот Пендаровски, биле негови лични ставови, вели академик Коцарев.

Се радувам што на  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на Катедрите за македонски јазик и македонска книжавност. Посакувам во идните реорганизации на Факултетот рамо до рамо со различните отсеци секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенски јазици и за македонски јазик и јужнословенски книжевности. Сите досегашни изјави и текстови се мои лични изјави, со единствена цел заедно и достоинствено да ја прославиме годишната на Блаже Конески, изјави за Телма, Коцарев. 

За Дучевска денешната изјава на академик Коцарев е дискутабилна поради неколку причини, бидејќи неговите тврдења пред само неколку дена се на граница на апсурд.

 

Не гледам некакво оправдување бидејќи лична изјава од ваков карактер дека Филолошкиот факултет планира да ги затвори овие две катедри за мене е на граница на прифатливост, особено од претседател на МАНУ, особено на тоа место уште еднаш ќе кажам тој како да направи три дискредитации. Прво кон себеси, бидејќи тој е првиот човек на МАНУ и тоа го изјавува на ваков форум и состав, кон целата таа публика рецитирајќи стихови од една специфична песна на Конески и се разбира моја дискредитација, како прв човек на Факултетот кој седи тука и планира да затвори две клучни катедри, вели проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. 

Целосни невистини и манипулации се написите за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност, стои во реакцијата на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, при Филолошки факултет „Блаже Конески“.  За жал, велат професорите, написите доаѓаат токму во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на нашиот патрон и професор, Блаже Конески, и 75-годишнината од основањето на Катедрата за македонски јазик.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе