Вести Македонија Топ вести

Заев денеска очекува позитивен сигнал од Кина за вакцините

Премиерот Зоран Заев не сакаше денес да лицитира со датуми кога ќе стигнат вакцините, но рече дека веќе денес очекува позитивен сигнал од Кина, иако беше повлечен авансот заради незавршената процедура во таа земја.

„Министерството за здравство објасни дека авансот е повлечен зошто ја чекавме поддршката од Министерството за надворешни работи на Кина. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапкаа. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина „Спутник“, рече Заев.

„Никој не може да каже точен датум, како ги добиваме информациите така ги споделуваме. Никаде во светот никој не може да каже кој вид на вакцина кога ќе стигне поради недостатокот. Ние направивме се, дури и авансиравме уплати за да дојдат што побргу вакцините. Во Кина авансот е пуштен и порано за да стигнат порано вакцините“, рече Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

Дејан Дејан

М-НАВ се полни со сѐ и сешто, но не со контролори кои се најпотребни, реагираат од синдикатот по објавениот оглас за вработување

Дејан Дејан

Родителите на загинатите во “Пулс” го доставија барањето до обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе