Вести Македонија Топ вести

Заев: Авансот го уплативме порано – вакцините за неколку денови ќе бидат товарени во авион

Денови се во прашање за товарење на пратката од Кина за Македонија, со илјадници дози вакцини – уверува премиерот Заев.

По силните критики во јавноста, тој со смирувачки тонови објаснува дека повлечениот аванс даден за набавка на вакцини од „Синофарм“ не значи и дека не важи договорот.

Не се знае за колку пари станува збор бидејќи тоа е деловна тајна од преговорите со кинезите, но тие сега се вратени на сметката на Министерството за здравство.

„Не можеме да оставиме пари да лежат во туѓа земја додека не се финишира постапката. Авансот се пушти како дел од процедурата, а кога побараа соодветните министерства на Кина најпрво да се завршат работите и потоа да се прави уплатата – Ние секако ги повлековме парите и тие сега се на сметката на Министерството за здравство. Навистина, денови се во прашање кога ќе може да се потврди утовар на самите вакцини за да дојдат во Северна Македонија“ изјави претседателот на Владата, Зоран Заев.

Во моментов во тек е вакцинацијата на медицинскиот персонал. Сите оние коишто секојдневно се во директен контакт со вирусот примаат дози од вакцината на „Фајзер“ која од Србија стигна во Македонија.

Но, тоа е само мал дел од решавање на проблемот, сметаат младите лекари. Бесконечно одложување на масовната имунизација на населението е недопустливо и остава психолошки траги и кај лицата во бели мантили, исто како и сите луѓе кои очекуваат конечно да пристигнат вакцините во ситуација кога се наоѓаме пред нов бран на вирусот и соочени сме со разните негови мутации.

„Самиот момент на некакво бесконечно одложување на почетокот на масовната вакцинација нормално дека предизвикува страв и анксиозност околу тоа како ќе се развива понатамошната ситуација затоа што лекарите и медицинскиот персонал се исцрпени од досегашната борба. Допрва ќе бидат видливи ефектите од таквото емотивно и физичко исцрпување на медицинскиот персонал и следствено на тоа грижата којашто ќе ја добиваат пациентите ќе биде многу помала. Секој недостаток на вакцини сериозно нѐ погодува и нас и целокупното население, особено оние граѓани од ризичните категории“ вели д-р. Божидар Кочовски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Според доктор Кочовски, ќе останеме на некој начин затворени и во претстојното лето бидејќи нема изгледи дека населението ќе биде извакцинирано во доволен број до крајот на авугст, додека информациите од Европската унија се дека се подготвуваат т.н. Ковид-пасоши за патување во странски земји.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе