Македонија

Ѓорче под блокада – жителите порачаа стоп за бетонизацијата

„Стоп за бетонизацијата на Ѓорче“ порачаа ѓорчепетровци кои во знак на протест поради како што рекоа урбаното дивеење половина час со автомобили го блокираа кружниот тек во населбата.

Револтирани се од новите Детални урбанистички планови со кои се предвидени повеќе висококатници во населбата. Порачаа дека нема да дозволат да поминат 20-тина ДУП- ови кои општината планира  да ги донесе во наредните осум месеци.

Овде во паркот во Ѓорче се предвидени 15 згради со висина по 33 метри, Во Јурија се  предвидени околу 20 тина згради со висина од 60 метри. Имате и висококатници спроти пазарот во Ѓорче. Во Хром има 100 нови згради. 1.300 жители кај паркот во Ѓорче се предвидува, во Јурија околу 4.000 нови жители во Хром исто така.“ – вели Горан Костов од иницијативата против урбаното дивеење.

Граѓаните со порака – не ни треба бетонизација туку нови зелени површини.

Од Општината пак беа децидни дека промена во ДУП-от немало, бидејќи станувало збор за истиот од 2014тата година, но сега разработен.

Протестот го оквалификуваа како чисто политиканство.

На протестот сепак присуствуваа и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но од Иницијативата  отфрлија политичка заднина.

Од Иницијативата против урбано дивеење – побараа  средба со министерот за транспорт Бочварски од кој побараа да не ги  одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од Општината.

Велат ако тој не ги сослуша ќе бараат помош кај премиерот Заев а најавија и нови протести.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе