Македонија

ЗНМ остро го осуди нападот на новинарската екипа на МИА

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција која професионално известуваше за протестот поврзан за случајот „Монструм”.

Според кажувањата на колегите од МИА, имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена. Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволивo во демократски земји, наведува ЗНМ.

ЗНМ уште еднаш предупредува дека неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно, дополнува ЗНМ, што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе