Не е постигнат напредок за учебниците по историја по дводневиот состанок на мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.
И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената дискусија за учебниците по историја, на оваа средба, комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред, пишува во официјалното сооопштение од македонскиот тим во комисијата.
Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април. Единствениот исход до дводневните разговори е што е усвоен записникот од 10-тата средба, а за 11-тата и за годишниот извештај ќе се разговара во текот на месец март.
Во записниците бугарските историчари ја проблематизираат употребата на придавката „македонски“.