Вести Македонија Топ вести

Македонско-бугарската комисија го одржува 12. состанок

Македонските и бугарските историчари од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска во рамки на 12 состанок, втор ден ќе разговараат за отворените прашања.
И додека историчарите се обидуваат да најдат решенија за она што е во нивна надлежнот, политичарите на двете земји, според соопштенијата на двете министерства за надворешни работи по средбата Захариева-Османи завчера во Софија, работат на финализирање на заедничкиот Акциски план, но и се координираат за одржување на меѓувладината конференција, за која се уште нема конкретен датум.
Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева вчера во интервју за бугарската телевизија БТВ потврди дека заедничкиот Акциски план, како и одржувањето на престојната меѓувладина конференција биле темите за кои завчера во Софија разговарала со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

Захариева вчера и со став и дека нема договор во однос на историјата, неколку клучни историски личности и за содржината на учебниците од периодот на Средниот век.
Таа информира дека на средбата со Османи разговарале за Акцискиот план, за кој властите во земјава, повеќе пати досега напоменуваа дека е во финална фаза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе во Дубаи

Дејан Дејан

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Дејан Дејан

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе