Вести Македонија Најважни

Мијалков во притвор, максимум 60 денови ќе биде во затворот во Шутка

Со полициска придружба од домот на Водно, обвинетиот екс началник на УБК Сашо Мијалков пристигна точно во 10 часот во кривичниот суд да ја слушне пресудата за Таргет Тврдина. За тоа дали бегаше или имаше ковид симптоми претходниве денови не кажа, а не рече ниту еден збор кога беше повторно побаран притвор за него. Овој пат затворски поради тоа што во домашниот притвор не може да се реализира делот за 24 часовен видео и електронски надзор, бидејки иако постои во законот нема опрема за реализација. Мијалков можело и да бега оти имал тешки банкарски сметки, имот во чешка и две возила. Одбраната и одговори дека Мијалков не е крив што државата нема опрема.

Судечкиот совет сепак одлучи дека Мијалков ќе оди во затворски притвор ама само 60 денови оти толку дозволувал законот за дела кои биле гонети со обвинителен предлог и скратена постапка.

Никој од адвокатите и денеска не знаеше да одговори каде бил Мијалков од неделата до вторникот, имал температура или бегал и дали се пазарел.

Обвинителката Ленче Ристовска која сега ја води и истрагата за исчезнувањето на Мијлаков ги демантираше наводите на министерот за внатрешни Оливер Спасовски дека обвинителите имале информации за бегањето уште во петокот. Вели дознале во саботата и веднаш барале притвор.

Решението на судиите денеска беше сепак Мијалков не од судската зграда,  туку од дома да биде спроведен во Шутка. Избегнувајки ги камерите со него во судот денеска беше и синот Јордан Мијалков. Сепак зад притворски решетки максимално што може да помине Мијалков е два месеци за што обвинителите побараа во иднина да се отвори стручна дебата за да се промени ваквото законско решение.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе