Вести Македонија Топ вести

Џолев: Русковска или згрешила или не сме ја разбрале добро, не сум молел да се повлече жалбата

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во одговор за Телма, вели дека ја слушнал изјавата на обвинителката Русковска, во која таа го спомнува само како „претседател на судот“, но не и со име и презиме, кога вечерта по пријавувањето на Мијалков во Обвинителството, таа кажа дека претседателот на судот го замолил државниот обвинител да се повлече жалбата за домашниот притвор на Мијалков.

Џолев се брани дека најверојатно станува збор за грешка во изразувањето, дека Русковска не мислела на него, туку на шефот на ЈО, Јовески.

Ја слушнав изјавата на обвителката Русковска во која истата изнесува своја цитирам“претпоставка”, и притоа ме спомнува, без име и презиме туку како “претседател на судот”.

Верувам дека станува збор за гршка во изразувањето т.н. lapsus lingua и веројатно обвинителката мислела на шефот на ЈО Јовевски, или пак можеби сите ние не сме ја разбрале што точно (во таа гужва) обвинителката сакала да каже.

Никогаш не сум влијаел ниту пак сум се обидел да влијаам на обвинител ниту пак на судија, при носењето на обвинителски или судски одлуки. Тоа е апсурдно за мене и недозволиво.

Впрочем, обинителите исто како и судиите треба да се независни и самостојни во носењето на одлуките, а доколку некој се обиде да им влијае, потребно е безразмислување да го отфрлат таквото влијание.

Од изјавите на обвинителите Јовевски и Русковска, кои ги дознав од медиумите, можам само да заклучам дека “жалбата” е повлечена од Јовевски а не од Русковска, така да станува апсурдно-невозможно да влијаам врз Русковска за одлука која што ја носи Јовевски, вели Џолев За Телма.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Дејан Дејан

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

Дејан Дејан

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе