Еклатантно кршење на поделба на власта, смета адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, гостинка во вечерашната Топ Тема за постапувањето на институциите при бегството на Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК, сега обвинет за масовното прислушкување во предметот „Таргет Тврдина“.
„Триумф ќе го наречеме ако Заев ги координираше институциите кои по закон треба да бидат искоординирани. Но, доколку премиерот ги координира службите од јавното обвинителство и судот прави упад во власта. Не може да го наречеме триумф, туку само пораз на демократијата“, рече Анастасовска.
Адвокатот Јанаки Митровски целата ситуацијата со бегството и повторното појување на Мијалков ја нарече рашомонијада и боливодски тип на серија.
„Премиерот има право да координира но само во коние институции кои му се вертикално субординирани, како полицијата. Јавното обвинителство е државен огран но, подлежи на сопствена хиерархија. Тука на највисока позиција е Љубомир Јовески и тој не одговара пред министерот за правда или пред премиерот, истакна Јанаки Митровски, адвокат.
„Срамот кој што го трпи правосудскиот систем за тоа најдолго дебатирам, рече Фросина Ременски универзитетски професор, според која постои злоупотреба на моќта на институциите и кршење на човековите права. Ова е срам за правосудниот систем и не може да се зборува за триумфализитам, вели таа.
„Вчера очекував еден поинаков ден, а не исполнет со смеа. Очекував секоја власт во рамки на својата надлежност ќе ја извести јавноста за тоа што е пропуштено и што не било, а требало да биде направено“, рече Ременски.