Тетово се соочува со 60% губиток на вода поради голем дефект на главната водоводна цевка во мрежата на Лешница.
Веќе втор ден е намален притисокот во чешмите, а дел од граѓаните се жалат дека со часови немале вода за пиење.
Со цел еднакво опслужување во сите критични делови на градот, од денес Јавното комунално претрпијатие водеде рестирикции три пати во денот. Рестрикциите ќе траат се до санирање на дефектот, но кога ќе биде тоа, не се знае, бидејќи од ЈКП Тетово велат дека се работи за сериозен дефект, предизвикан како резулатат на свлечиште.
Тетово во неколку наврати изминатиот период се соочуваше со проблеми во водоснадбувањето поради дефекти во водоводната мрежа, а во јануари граѓаните неколку дена не употребуваа вода за пиење од чешмите поради нејзино заматување.
Данијела Билбилоска