Замајување на јавноста и ефтин политички театар од чиј епилог мора да сноси одговорност целата влада. Вака партиите од албанскиот опозициски блок го оценија вчерашниот ден околу случувањата со бегството на Сашо Мијалков. Интерпелацијата за работата на министерот Оливер Спасовски веќе е поднесена а ќе подржат и гласање за доверба на Владата.
Села и Гаши реагираат и на пресудата за случајот ,,Монструм, за кој тврдат дека е политички монтирана. Бараат одговорност од Премиерот Заев и го повикуваат да ја каже вистината. Деновиве ќе испратат писмо до ЕУ и од која ќе побараат да се вклучи во ревизија на целиот случај.
Во тек се и преговори за ново парламнетрано мнозинство за кое се убедени дека ќе се формира во најскоро време затоа што имало сигнали од повеќе помали политички партии дека ќе им се приклучат затоа што не биле задоволни од актуелната власт.
Јулијана Пешевска