Македонија Најважни

Битиќи: Никој не е ставен во ист кош, подготвен сум да разговарам со угостителите

–Отворен сум за средби, бев отворен и пред да се донесе петтиот пакет на економски мерки, а и сега сум  отворен за да седнеме и да разговараме со угостителите и да изнајдеме решение, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи непосредно пред отпочнувањето на за денеска закажаниот протест на угостителите за организирање свадби и други свечености пред Владата.

-Мислам дека  решенијата се веќе изнајдени само треба соодветно да ги искомуницираме. Во овој момент битно е дали и колку ќе излеземе помалку погодени од кризата, а не дали сме погодени. Сите сме погодени од кризата, некој е погоден здравствено, а некој економски, но на крај од кризата ќе треба сите заедно да седнеме и да видиме како да заздравиме од кризата. Затоа сум  отворен да седнам да разговарам со секој еден кој смета дека има потреба за разговор, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата на која беше презентиран Националниот геопортал за просторни податоци.

Тој посочи дека угостителите се идентификувани како еден од најпогодените сектори во предложените економски мерки.

-Во ниедна мерка која е донесена угостителите не се исклучени, но јас немам доблест и храброст да одам против препораките на Комисијата за заразни болести. Сите треба да прифатиме дека секој треба на професионален начин да ја одработи својата задача. Треба да ја слушаме Комисијата и да и веруваме дека е најдобро за здравјето на граѓаните кога ќе укаже дека не е дојдено времето за олеснителни околности за работа, потенцира Битиќи.

Прецизира дека угостителите за организирање свадби и други свечености не се ставени во ист кош со другите угостители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Масовен израелски напад на Иран, бомбардирани над 100 локации – Иран најави жесток одговор

Дејан Дејан

Уапсени уште 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот на „Вардариште“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе