Македонија

Без никаква најава Османи замина во Софија на средба со Захариева

Министерот за надворешни Бујар Османи, од Париз, ненајавено замина за Софија на средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева. Двајцата министри треба да го усогласат таканаречениот Акцискиот план кој треба да го забрза спроведувањето на Договорот за добрососедство. Македонската страна го објаснува документот како секторски план за соработка од кој се изоставени историските и политичките прашања.

Усогласеноста на двата документа кои ги доставија двете страни е во финална фаза, така што се очекува попрецизно по оваа средба околу идните чекори, рече портпаролот на владата Душко Арсовски.

Бугарската страна бараше во документот да се најде и решение за некои отворени прашања, кои Македонија ги смета за политички. Тука се прашањето за употребата на долгото и краткото име на државата, прашањето за јазикот и за малцинството. Нешто што Македонија проценува дека ќе ѝ треба повеќе време за да се решат.

Конечниот документ што точно е договорено и што подразбира неговото спроведување се чува во тајност. Ќе биде објавен кога ќе го усвојат двете влади, на заедничка меѓувладина конференција.

Средбата Османи-Захариева се случува еден ден пред состанокот на заедничката Комисија за историски прашања.

Утре и задутре, македонските и бугарските историчари треба да разговараат за уште два записника, кои останаа неусогласени, пред се поради употребата на терминот „македонски“. Ќе се разговара и за прашањето за Гоце Делчев и за учебниците по историја во Македонија за седмо одделение. Средбата на Комисијата ќе се одржи он-лајн, а како домаќин се води македонската страна.

И македонската и бугарската влада инсистираат дека работата на Комисијата нема врска со Акцискиот план.

За една недела во Бугарија почнува предизборната кампања, за парламентарните избори закажани за 4 април. Проценките се дека реален напредок во преговорите би можело да се постигне по изборите во Бугарија. А евентуално тргање на бугарското вето за почеток на македонските преговори со Европската унија, се уште се чини далечно.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени уште 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот на „Вардариште“

Дејан Дејан

Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе