„Во неделата во 14.30 часот го лоциравме Мијалков во друштво на тројца мажи и едно женско лице како влегуваат во подземната гаража на хотелот Мериот. Во 15.05 часот од гаражата излегоа три возила но немаше потврда дека Мијалков е во возилото. Се упатија кон Водно. Полициски тимови имаше околу хотелот „Мериот“ и куќата на Водно“, рече министерот Оливер Спсовски.
Тој кажа дека не чувствува одговорност за бегството на Мијалков а вината ја лоцираше во системот.
„За да се чувствува одговорност треба да направите намерен пропуст или да не постапите. МВР постапува со сите расположиви средства. Барајте ја одговорност во непостоењето на целосниот систем“, рече Спасовски.
Спасовски изјави и дека според сите анализи на МВР и проценки, сметаат дека Мијалков се уште е во државата и не ја напуштил Северна Македонија.
Најкатегорично ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.
МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдата, информираше денеска на прес-конференција министерот Спасовски.
Во тек се информативни разговори со лица кои е можно да поседуваат информации или се поврзани со бегството на Сашо Мијалков.