Вести Македонија Најважни

Три доживотни казни, двајца во бегство, затвор за помагачите, а еден на слобода – втор пат пресуда за „Mонструм“

„Зошто Ние ? Што лошо сме сториле ? А, не сме ниту имале време да сториме. Да ги замислиме и чувствата на родителите на садистичко убиените жртви. Можеме само да замислиме и претпоставиме. “

Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и рибарот Борче Цветковски никогаш нема да ги дознаат одговорите на овие прашања. За нивната смрт судијата Огнен Ставрев на доживотен затвор осуди тројца обвинети. Помагал Фејзи Азири и судечкиот совет му додели 15 години затвор. Виновен е и Хаки Азири.

Вината е докажана, казните се високи, но осудените можаат да избегат. Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот ,а тројцата осудени добија мерка притвор. Хаки Азири заминува во истражниот затвор Шутка, Фејзи Азири нема да има слободни викенди во затворот во Штип. А, на Агим Исмаиловиќ му се продолжува мерката. Незадоволни од пресудата му порачаа на судот :

Додека тројца негодува, еден се радуваше. По, 8 години и два судски процеси Сами Љута е на слобода. Обвинителството не успеа да докаже дека е виновен, а судот го ослободи.

Обвинителското дуо Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи избегнаа коментар пред камерите. Одбраната најави продолжување на правната битка.

2 години, стотина сведоци, илјадници страници материјални докази и нов обвинител во повторениот процес против шестмината обвинети. Мотивот зошто беа убиени мочињата и рибарот предмет на коментари цели 9 години. За обвинителката Гордана Гешковска тој е предизвикување чувство на страв и несигурност кај  македонското население, додека кај наследничката на повторниот процес Фатиме Фетаи тој не е важен бидејќи обвинетите секако сториле тероризам. 2012-та 12 април јавноста се разбуди со веста за ликвидацијата на 4 момчиња и рибар на брегот на смилковското езеро. Обвиентите негираат вина, бараат меѓународно судење, а на нов протест закажа нза во петок ќе бараат укинување на пресудата на првостепниот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе