Поранешниот шеф на УБК, по кого се трагаше речиси два дена, попладнево ненадејно се појави во канцеларијата на обвинителката Вилма Русковска за да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривилниот суд. За Телевизија 24 Мијалков изјави дека вчера бил во изолација затоа што имал симптоми на Ковид-19 и немал претстава дека по него трага полицијата. За тоа дознал дури утрово и доброволно решил да се пријави во обвинителство.
Бев изолиран затоа што имав симтпоми на корона, со 40 температура, главоболки и тоа беше причина зошто сакав да се изолирам од семејството, па вчерашниот ден го поминав во изолација. Би сакал да ја искористам оваа прилика да се извинам на целата македонска јавност заради непријатноста што се случи во државава, затоа што вчерашниот ден го поминав во изолација. И уште еднаш јавно да го повторам мојот збор што го имам дадено, дека јас никогаш нема да побегнам. Еве ме гледате јас сум тука, изјави мијалков.