Успех на институциите е тоа што Сашо Мијалков сам и се пријави и на власта и на јавноста и тоа директно преку телевизија. Ова е толкувањето изјавата на премиерот Зоран Заев за епологот на потрагата по бегалецот Мијалков, кој додека полицијата го бараше на излезите од градот, тој со лесен чекор им прошета пред камерите во центарот на Скопје.
„Ние не викаме дека полицијата го најде во таа и таа куќа. Полицијата, заедно со судот, со сите институции, агенции – АНБ, БЈБ, сите, создадоа атмосфера постапувајќи да апсолутно, бегањето, криењето му биде неисплатливо и се пријави во Јавното обвинителство“, рече Заев.
Премиерот Заев рече дека нема намера да побара оставка од првиот полицаец, Оливер Спасовски и не гледа ништо спорно во тоа што полицијата дозволи Мијалков на ваков начин да си поигра со неа. Тој во неколку наврати дури и повтори дека секој во земјава може да се крие од полицијата 40 часа.
„Апсолутно не е некакво играње мајтап туку е принуда да се пријави и да не продолжува да се обидува да се крие и да бега затоа што институциите постапија согласно закон во сите сегменти“, рече Заев.
Иако ја правдаше полицијата Заев сепак призан и нешто друго:
„Мојата температура веројатно беше 40 степени откога го снема, не на Сашо Мијалков“, призна Заев.
Притисокот врз Мијалков како што информораше Заев бил направен преку тоа што му било укажано дека неговите блиски ќе одговараат за неговото бегство, но и оти ќе му биде конфискуван имотот.
„Самата истрага кажува дека треба да одговараат тие што потенцијално организирале и помагале бегство, затоа што може да го допомогнат бегството за да избега надвор од државата. И секако тука се и членовите на семејството, затоа што се знае каде биле во тоа време членовите на семејството и тоа може самата истрага да го утврди комплетно. Притоа по еден куп предмети тој е осомничено лице. Сите имоти, негови и на неговото семејство, и тоа како можат самите органи да постапат“, рече Заев.
Заев иако се пофали дека системот и институциите, како што рече, профункционирале, порача дека сепак ќе се бара одговорност за пропустите тоа што Мијалков им се изгуби и два дена им се криеше.
Тамара Грнчароска