Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека локдаунот во земјата постепено ќе се ослеснува, односно тоа ќе се довива во четири фази со минимум пет недели помеѓу секоја фаза. Тој понуди „внимателен“ пристап за да не се случи да се вратат рестриктивните мерки кои ја погодија економијата. Иако досега во Британија се вакцинирани 17,5 милиони луѓе тој упати предупредување дека независно од тоа кога ќе се укине блокадата, дали за шест или девет месеци, ќе има ранливи категории на грашани кои нема целосно да бидат заштитени од вакцината.
-Ниту една вакцина не може да биде 100% ефикасна. Нема целосна заштита, како и сите вируси и Ковид-19 ќе мутира. Значи, како што покажа моделот објавен од „Сејџ“ денес, не можеме да избегаме од фактот дека укинувањето на блокадата ќе резултира со повеќе случаи, повеќе хоспитализации и за жал, повеќе смртни случаи, рече Џонсон.
Меѓу мерките кои тој ги предложи пред битанскиот парламент е отворањето на училиштата да започне од 8-ми март во четири фази, но со целосна настава нема да се започне пред 21 јуни.
Продавниците кои не се нужни, фризери, пабови, музеи да причекаат до 12-ти април, а кината, хотелите и стадионите, со најмногу 10.000 луѓе ќе бидат отворени на 17-ти мај, кога и семејствата ќе може да се состануваат во затворен простор.
-Третиот чекор ќе започне најрано на 17-ти мај по услов податоците да ги задоволуваат четирите теста, повеќето ограничувања на состаноците на отворено ќе бидат укинати, се ограничуваат на триесет. И ова е точката кога ќе можете да ги видите вашите пријатели и семејство во затворени простории што подлежат на ограничување на шестмина или на средба на две домаќинства. Исто така, ќе отвориме пабови и ресторани во затворени простории, заедно со кината и игротеките, хотелите, хостелите и пансионите, вели Џонсон.
Доколку здравствената ситуација дозволи мерките за ограничување на социјалните контакти ќе бидат укинати на 21-ви јуни, најрано, како и работата од дома
Европската агенција за лекови, како што соопшти Европската комисија денеска препорача употреба на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 за сите возрасни групи, и ова е силен сигнал до сите граѓани дека се работи за безбедни и ефикасни вакцини.
Билјана Ставрова