Колку пари издвоила нашата влада за заштита од загадувањето- да дишеме чист воздух . Нула. Оти пресметано во проценти од вкупниот буџет за воздухот се издвоени за 0,03 % а од парите доделени за екологија едвај 2%.
,,Средствата кои се издвојуваат не се доволни за намалување на загадувачки супстанци во бруто домашен во извештаен период е намалено во однос на претходни години и изнесува 0.03 посто а тоа било 0,1 посто а во вкупни инвестиции за жив средина“, вели Лилјана Стојанова Државен Ревизор.
,,Забелешките од оваа ревизија се со години ние што ги имаме, една е минимални сретства за заштита на воздух, според ревизор, 0,03 посто од бдп се издвојува по однос инвестиции за воздух ако се сведи на заокружување на една децимала тоа е 0 и тоа се намалени во однос на претходните години не само подобрување туку и влошување“, смета Невена Георгиевска од О2 Иницијативата.
Од 2016-2019 година, Државниот инспекторат изрекол вкупно 1.323 инспекциски мерки, од кои 92 платни налози и поднел 117 прекршочни пријави. Државниот инспекторат за истиот период поднел и осум кривични пријави и изрекол 11 мандатни казни и спровел 32 едукации.
Просекот за овие години покажува дека од вкупниот број на инспекциски надзори само во еден процент се поднесени прекршочни пријави. Само во 2019 наместо еден процентот скокнал на два. Анкетите на невладината Зелен Институт покажуваат дека дури 75% од граѓаните забележале загадување но дури 50% од нив сметаат дека немало реакција.
Во КОД вечерва и за приказната за жолтите комбиња, уште еден случај на СЗО за злоупотребите на тајната служба, за која нема разрешница.