Ковид19 Свет Топ вести

Една година по ковид – карантинот, се повеќе Италијанци се селат во природа

Италија одбележува една година од регистрирањето на првиот ковид случај на северот на земјата, а кратко по тоа целата земја влезе во карантин. Поради морталитетот, намалениот наталитет но преселбите во природа Милано изгуби 13.000 жители. Досега во Италија починаа повеќе од 95.000 луѓе од вирусот, со што е втора земја во Европа според бројот на жртви од коронавирусот, после Велика Британија.

Пандемијата на коронавирусот од корен им го промени животот на голем дел италијански семејства. Веќе неколку месеци тие живеат далеку од поранешниот урбан живот, од центарот на Милано и започнаа нов живот во природа. Тие се преселија овде во октомври кога вториот бран на коронавирусот ја погоди северна Италија.

  • Во нашите глави, ние размислувавме да се обидеме да живееме надвор од градот, но без можност да работиме од дома тоа беше незамисливо да се направи. Значи, секако, Ковидот ни даде шанса да го сториме тоа, и тоа беше благодарение на опцијата за работа од дома поради што го направивме овој избор, вели Елизабета Фреџаро, неодамнешна жителка на провинцијата Бријанца.
  • За мене дури и отворената завеса е нешто преубаво, работам можеби помалку отколку на почетокот, но и понатаму гледам низ прозорецот и си велам, леле колку е убаво, си велам на себе си, кажа Паоло Сералунга, неодамнешен жител на Орта Сан Гиулио.

Според матичните книги, градот Милано од февруари 2020 до сега изгубил повеќе од 13.000 жители, дел поради смрт, дел поради намалениот наталитет, но и поради преселувањата на семејствата кои се повлекуваат во природа.

Италија денеска ја одбележува годишнината од првиот случај на коронавирус во земјата. Тоа беше 38-годишен маж кој допатувал од Азија. Земјата во тоа време имаше 152 регистрирани случаи и три смртни случаи од ковид, па затворањето на некои сектори во Ломбардија и Емилија-Ромања изгледаа прекумерни, потсетува Гардијан. Сепак, како одминуваа деновите, мерките стануваа се порестриктивни – до 4 март, сите училишта во Италија беа затворени, а една недела подоцна, целата земја беше под блокада. До 12 март починаа повеќе од 1.000 луѓе, а за само уште четири дена починаа уште 1.000 лица.

Денеска ожалостени луѓе се собраа во црквата Сан Бјаџо во Кодоњо, каде се одржуваше специјална панихида, а беше откриен и меморијален споменик.

Во годината кога е идентификуван првиот случај, Италија изгуби повеќе од 95.000 луѓе од вирусот, со што е втора земја според бројот на жртвите во Европа.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе