Издавале фискални сметки после 21 часот, се пушеле цигари, а во скопски ресторан гостите масовно се тепале. Бурна саботна ноќ за граѓаните, полни раце работа за инспекторите а епилогот од ноќтта четири затворени локали во Прилеп, МАкедонски брод скопско Волково и Скопје север. Пазарните инспектори влетале во рутинска контрола на скопското кафуле „Трибека’ наишле на хаос и брктоница, но не и прекршување на протоколите.
Случајот „Трибека“ завршил во раце на дежурен обивнител. Уапсени се тројца. Причината масовна тепачка за девојка а последиците – демолиран угостителски објект.
Од извршените стотици контроли државниот пазарен инспекторат ,пак, бележи се повеќе прекршувања на здравствените протоколи и забрани. Несовесните газди дозволуваат пушење, не издаваат фискални сметки работат после 21 часот, а граѓаните се групираат без маски. Свеста е намелена затоа и толкав бројот на казни, велат инспекторите.
И првиот човек на инспекторатот Стојко Пауновски е револтиран од однесувањето на граѓаните и угостителите. Сите дежурни инспектори се придружувани од полициска екипа. ЧЕсти се навредите и заканите, а некои угостители се обидуваат да ги избегнат казните повикувајќи се на познанства. Владата, пак, одлучи да го продолжи работоното време на угостителите од 18 часот за дополнителни три часа во обид да ги намали финансиките штети од пандемијата во оваа стопанска гранка.
Павле Беловски