Македонија Топ вести

Двајца тинејџери приведени за убиството на 67-годишната жена во Струмица

Две деца на 13 и 14 годишна возраст се приведени за убиството на 67-годишната жена во Струмица. Полицијата информира дека децата се осомничени дека го извршиле убиството и биле повикани на службен разговор  во полициска станица со присуство на педагог од центарот за социјални работи, родител и адвокат. За прибирање повеќе докази извршен е претрес во домовите на осомничените. Едниот малолетник бил најден во Гевгелија, а другиот во Струмица.

Куќата во која се случило убиството се наоѓа во центарот на Струмица, просторот наоколу е раздвижен, но сепак нападот во куќата никој не го забележал.

Вчера попладне полицијата извести дека е пронајдено безживотно тело на улицата Балканска во Струмица по дојава дека во куќата на жртвата се случило силување и разбојништво. По прибирање на првични докази телото е дадено на обдукција и утврдено е дека смртта настанала со задушување.

Мамолетниците се дадени на понатамошно постапување на основното јавно обвинителство и центарот за социјални работи.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со непомирливи разлики за последните измени на Законот за работни односи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе