„Потврдено слетување!“ егзалтација кај инженерите на НАСА во контролата на летање во Калифорнија. Тие скокнаа од столиците, ракоплескаа, по пристигнувањето на веста дека роверот се спушти во длабокиот кратер наречен Езерото. Поради ковид пандемијата прегратките изостанаа, имаше само допири со тупаници со полни со почит.
Следните две години ова специјално летало ќе биде во потрага на докази за постоење на живот на Црвената планета. Се верува дека во кратерот пред повеќе милијарди години се наоѓало големо езеро, а таму каде има вода постои голема можност за постоење на живот.
Првите фотографии кои пристигнаа беа со ниска резолуција, а прашината ги прекри објективите. Анализата по слетувањето покажа дека роверот во овој најризичен маневар досега, се спушти два километри југоситочно од Езерото.
Директорот на на НАСА за мисијата на Марс, Мајк Воткинс изјави дека на ова место никој не бил досега.
Има нешто специјално во првите денови, бидејќи тукушто слета претставник од планетата Земја на место на Марс на кое досега никој не бил и никој не го видел освен на фотографиите од орбитата одалечени илјадници милји од Марс. Верувам дека ова волшебно чувство што ќе го донесеме е голема причина за постоењето на ГПЛ и на НАСА – Мајк Воткинс, директорот на на НАСА за мисијата на Марс.
Светската астрономска унија го пронајде пандат на Марс на планетата Земјата и тоа во малото место Езеро во западна Босна, по чие име е именуван кратерот на Марс, таму доцна синоќа неколку десетици луѓе, пред се деца, го следеа директниот пренос на слетувањето на леталото на НАСА.
Кога го бираа името, значи Светската астрономска унија, таа го избра по рељефната сличност не според националноста или успешноста, не според економската моќна државата туку според научните сегменти тое ок. Овој релељеф е најсличен на оној на Марс и ќе се вика Езеро –Немања Ракиќ, босански астрофизичар.
Честитки за НАСА и секој чија напорна работа го овозможи ова историско слетување, напша на Твитер американскиот претседател Бајден. „Денес уште еднаш докажа дека со моќта на науката и американската генијалност, ништо не е надвор од возможното“, вели тој.
Слетувањето на Марс никогаш не е лесно, затоа и до вчера сите беа умерени за операцијата. Но сега експертите од контролата на летање се на потег. Најпрво треба да биде поставен јарбол со главниот систем со камери, потоа софтверот на леталото мора да се промени за да може роботот да вози по површината на планетата. Научниците се надеваат дека во материјалот од кој е составен кратерот Езеро ќе пронајдат докази од минатото.
Билјана Ставрова