Македонија

Почнуваат преговори за една изборна единица

Нов обид за измени на Изборниот Законик. Партиите ќе седнат на заедничка маса отворајќи го прашањето за една изборна единица. Дали ќе има промени во изборниот модел ќе зависи од постигнатиот консензус. Премиерот Заев вели дека е крајно време да се вметнат долгогодишните препораки на ОБСЕ и ОДИХР.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за преговори и очекува договор. Покрај за една изборна единица ќе се разговара и за изборниот праг и изборот на градоначалници во прв круг. ДУИ се воздржани по ова прашање.

Во меѓувреме, измените на Изборниот законик кои се изготвени од пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов се доставени до сите пратеници. Трајанов вели дека има подршка од малите политички партии и од власта и од опозицијата. Смета дека на овој начин тие повеќе нема да зависат од поголемите партии и ќе имаат можност за самостоен настап на изборите а не како досега, да бидат принудени да одат во коалиции.

Со предлог измените на Изборниот Законик предлагаме Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг.Пресметката за избор на пратеници да се одвива според Донтовиот количник, вели тој.

Изборниот законик досега е менуван 35 пати. На неколку наврати беа формирани работни групи но компромис за изборниот модел не се постигна. Со децении се гласа во 6 изборни единици со затворени листи, што ги исклучува шансите на помалите партии или независни кандидати. Отворените листи беа само декларативна заложба на партиите кои се на власт не почитувајќи ги долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР .

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Младите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за пиротехниката

Дејан Дејан

Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе