Забрзано се зголемува боројот на новозаболени од Ковид-19 во Прилеп што ги загрижува здравствените власти. Од почетокот на февруари до денес, регистрирани се 343 позитивни пациенти, а 34 се на болничко лекување. Голем дел од нив, околу 70 проценти, се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Поради ваквата сосотојба, освен Инфективното одделение, повторно се активираат и другите оддели во прилепската болницата.
Не знам што се случува со Прилеп, имаме пак големи бројки. Согласно тоа имаме се повеќе пациенти кои имаат потреба да бидат хоспитализирани. Во моментов има 34 хоспитализирани пациенти, дел се на Инфективното, дел во ковид одделот на ушното одделение. Сѐ уште има 16 слободни лежечки места и доколку и тоа се пополни, сметаме да го активираме одделот на интерното одделение. Околу 70 насто од пациентите се на кислородна поддршка, вели диркеторот на Општа болница Борка Талески-Прилеп, Драги Богојески.
Освен Прилеп, пораст од почетокот на месецот на новозаболени има исто така во Квадарци- 353, Охрид – 227. Во овие три града беа регистирани првите слуачи на британскиот сој на вирусот. Здравствените работници велат дека сепак, нема отстапување од клиничката слика кај нозозаболените, а забрзаното ширење на вирусот велат се должи на непочитувањето на мерките.
Имаме податоци дека имаме британски сој на вирусот во Прилеп. Но од колегите инфектолози имаме информации дека некои отстапувања во клиничката слика не постојат, исто така пак има потешки слуачи кај повозрасната популација со комборбидитети. Јас мислам дека повторно дружбите, комуникацијата без заштитни средства е причина за ова извесно покачување на бројките, објаснува Богојески.
Во моментот има 359 активни слуачи во Прилеп, а најголемиот број новозаболени – 200 се регистирани последната недела. Од почетокот на месецот досега починале 8 лица, а со вкупно 245 приепчани кои ја изгубиле битката со вирусот од почетокот на пандемијата, Прилеп е со највисок морталитет во земјава,а исто тка е меѓу трите града со највисок леталитет.
Емилија Мисирлиевска