Вести Македонија

Ќучук: Историјата да им се остави на историчарите, но политичарите имаат обврска да носат тешки одлуки

Грчки терк за бугарската блокада на Македонија. Европскиот парламент ја подготвува новата резолуцијата за земјава, во која со оценката на процесот на реформите и состојбите во државав, извесно е дека ќе се најде и нова препорака за старт на преговорите со Унијата, но со јасно укажување на значењето на добрососедските односи за Унијата и изнаоѓање на решение за билатералните спорови. Ова го навести извесувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, кој пред  да ја презентира Резолуцијата за земјава во Парламентот на 4 март, денеска ја посети земјава со порака и за прашањето со Бугарија.

„Разговорите за историјата треба да бидат оставени на професионалчнотот поле. Но во сегашно, време политичарите имаат  тешка одговорност да носат тешки политички одлуки. Не треба овие прашања да ги кријат под тепих и да велат дека е тоа вина на историчарите“, рече Ќучук.

Ќичук смета дека мора дијалогот меѓу двете земји бил нарушен и оти треба да се врати довербата, но и враќање кон Договорот за добрососедство. Им порача на политичарите дека не треба да градат ѕидови туку да ги рушат, а за тоа дали историјата треба да се најде во преговарачката рамка за Македонија одговори:

„Треба да почнат преговарачкиот процес и заедно со тоа останатите прашања да се решаваат во рамки на билатерален политички формат. Мојот одговор секогаш бил дека историјата треба да биде оставена на историчарите кои за тоа разговараат професионално.  Во преговорите се отвораат политички прашања, но за секоја преговарачка рамка се битни добрососедските односи. Постои нужност од враќање на довербата, за да можат да се изгарадат трајни добрососедски односи“, изјави европратеникот.

Ќучук за содржината на резолуцијата во делот на реформите рече дека не е констатирано назадување во клучните области, но оти реформите треба да бидат длабоки и постојано да се спроведуваат, а повика и наднационален консензус за евроинтеграциите и конструктивност на опозицијата.

Шефот пак на македонската дипломатија Бујар Османи, од Европскиот парламент побара да го вреднува напредокот кој го направила Макеоднија, со барање ЕУ треба да ја операционализира одлуката од март минатата година и да ја одржи првата меѓувладина конференција, што би значело старт на преговорите..

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ЕКО) Феминизам во пракса

Дејан Дејан

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Младите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за пиротехниката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе