Ковид19 Свет

Дел од вакцините на Фајзер во Јапонија ќе пропаднат поради несоодветни шприцеви

Милиони дози од вакцината против Ковид-19 може да пропаднат во Јапонија, доколку земјата не успее навреме да ги набави специјалните шприцеви кои се потребни за вакцината на Фајзер. Земјата потпиша договор за Фајзер за набавка на 144 милиони дози и вакцинацијата започнува утре, но наместо специјалните шприцеви за администрирање на вакцината на Фајзер, Јапонија направила залиха од стандардни. Фајзер тврди дека едно шишенце е доволно за 6 дози, но само доколку се користи специјален шрпиц, во спротивно со стандардните можеле да бидат искористени само 5 дози.

Јапонија прави напори за да вакцинира што поголем дел од популацијата, затоа што владата на премиерот Јошихиде Суга, настојува ова лето да ги одржи летните олимписки игри, кои беа одложени минатата година.

Почнувајќи од утре, стартува вакцинацијата на медицинскиот персонал. Додека го подготвуваме системот, овој пат први ќе бидат медицинските институции и по професионалците за медицинска нега, постарите луѓе. Во исто време, секоја локална влада има имплементиран солиден систем, тоа значи дека следни се луѓето со претходни заболувања и кои се веќе на болничко лекување или во други слични установи за нега, и на крај широката јавност, порача Нориша Тамура, Министер за здравство на Јапонија.

Заедничката програма за вакцинација на ЕК претпре уште еден удар откако комсијата потврди дека била известена од фармацевстката компанија Модерна дека планираната испорака на вакцини во февруери се одложува з апочетокот на март.

Како што стојат работите во моментов, бевме известени дека ќе има неколку одложувања на испораките во февруари, но најверојатно тоа ќе биде надоместено во март, вели портпаролката на ЕК Вивиан Лунела.

Одложувањето доаѓа во момент кога комисијата преговара со Модерна за набавка на дополнителни 150 милиони дози, на веќе претходно договорените 160 милиони. Програмата на ЕК далеку заостанува зад планираните цели во првиот квартал од годината, откако претходно и двата главни снабдувачи на вакцини, Фајзер Бионтек и АстраЗенека не можеа да ги испорачаат договорените количини.

Покрај недостатокот на вакцини, изминативе денови и студеното време влијаеше врз вакцинацијата, која поради снегот и ниските температури беше одложена во грчкиот регион Атика.

ЕК соопшти дека од утре започнува нова програма за проучување на мутациите на вирусот, во која ќе се обединат повеќе лаборатории, здравствени власти и научници, кои ќе бидат подржани од комисијата.

Претходно Медицинскиот факултет во Грац објави студија според која луѓето кои го прележале вирусот имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, што значли дека тоа е ниво на имунитет кое е само малку пониско од оној што го дава вакцината на Фајзер/Бионтек за која се покажа дека е ефикасна 95 проценти.

Студијата проучуваше како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекција, од февруари до април, поминале во вториот бран од септември до ноември и утврдила дека во споредба со остатокот од населението, тие имале значително посилна отпорност на инфекции.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе