Втор ден од снежните врнежи, а населбите од стариот дел на Тетово заборавени. Снегот на улиците го отежнува движењето и на возилата и на пешаците. Жителите на Два Бреста, Певчина и Колтук се незадоволни, бидејќи како што велат, при вакви временски услови овој дел од градот никогаш е исчистен, па им останува сами да се снаоѓаат.
Улиците само во централното гратско подрачје се проодни за моторните возила, а тротоарите делумно се исчистени. Граѓаните на Тетово сметаат дека надлежните треба повеќе да работат.
Од Општина Тетово, пак, велат дека нивните екипи се на терен на патиштата во планинските села и во градот и дека постепено ќе бидат исчистени од снег и погорните населби.
Инаку, и граѓаните имаат обврска да го исчистат снегот пред домовите и деловните објекти, бидејќи во спротивно ќе се соочат со соодветни поднесоци и со законски предвидените парични глоби.
Данијела Билбилоска