Вести Македонија Најважни

Инспекторите истражуваат нова нелегална медицинска ординација во Струга

Државниот здравствен и санитарен инспекторат врши вонредени инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомнение дека најверојатно е  нелегална медициснка ординација. Директорката на Инспекторатот Ирина Бухова, за Телма потврди дека ндзорот е во тек, но повќе детали најави по неговот завршување. Инспекторите влегеле во објектот со асиситенција на полицијата. Од  СВР Охрид исто така потврдија дека им асистирале на инспекторите да влезат во објектот, но од таму посочија дека полицијата учествувала само на барање иницирано од Државниот здравствен и санитрен инспекторат, со налог на Обвинителство.

Ова е втор инспекциски надзор на ДЗСИ во Струг  во неполн месец. Инспекторите во домот на директорот на струшката болница, Мухамед Асани во јануари открија нелегална гинеколошка ординација, за што Државниот здравствен инспекторат поднесе пријава и до Обвинителството со изјави на пациентки кои тврделе дека докторот ги прегледувал во  домшната ординација.

Надзорот беше извршен откако пациентка јавно се пожали  за лекарска грешка, затоа што  по породување со царски рез во струшката болница, останала  без бубрег, матка и јајник.  Асани, кој се уште е диркетор на Струшката болница,  тогаш за Телма потврди дека бил дел од тимот, но операцијата рече ја извршиле совесно и се задоволни што на пациентката и го спасиле животот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе