Луѓето во домовите за стари лица ќе бидат вакцинирани со мобилни тимови, доколку Министерството за здравство ги каже насоките, вели директорот на Здравствен дом Скопје, доктор Виктор Исјановски во вечерашното гостување во Топ Тема. Има доволно возила, со кои ќе се задржи ладниот ланец на вакцината, додава доктор Исјановски.
Вели дека не се исклучува можноста да се отворат повеќе вакцинални пунктови, освен најавените три во Скопје, но се зависи од тоа колку граѓаните ќе се пријават за вакцинација.
Порачува Министерството за здравство да излезе со соопштение каков е и дали има одреден ризик за вакцинирање на луѓе со одредени хронични болести.
-Во договор со Министерството за здравство, најголемиот товар ќе го земе Здравствениот дом Скопје,во поглед на процесот на имунизација, кој ќе стартува со вакцинацијата во среда со здравствените работници. Поликлиниките ќе работат од 8 до 20 часот за вакцинација. Во однос на вакцинирање на граѓани со хронични болести, Министерството треба да излезе со соопштение, затоа што вакцините секаде се исти. Да им се пренесат на граѓаните искуствата дали преку соопштение или на сајтот. Дали претставува ризик вакцинирањето на одредени хронично болни граѓани, рече Исјановски.