На граничниот премин Табановце денеска стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, донација од Република Србијја. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена, но беше одложено поради усогласување на техничка документација. Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.
Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40.000 граѓани.
Од Министерството за здравство информирааt дека преку матичните лекари за вакцинирање се пријавени 12.652 лица.
Веб-страницата на која може да се пријават граѓаните за вакцинирање беше пуштена во функција пред четири дена. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.
Според предвиденото од надлежните институции, во првата група за вакцинација се здравствените работници и лицата над 70 години.