Спорт Фудбал

УЕФА ги казни Краснодар и ЦСКА

Во пресрет на првите натпревари од елиминациската рунда во Лига Европа, дисциплинската комисија на УЕФА им изрече казни на двата руски претставници.

Поради доцнењето на натпреварот со Челзи на Стемфорд бриџ во фазата по групи од Лигата на шампионите, Краснодар ќе мора да плати 15.000 евра, а тренерот Мурад Мусаев доби забрана да ја води екипата на еден натпревар.

Московска ЦСКА е казнета со 10.000 евра поради провокативното скандирање на навивачите за време на мечот со Феенорд.

Краснодар во елиминациското коло од второто по ранг натпреварување ќе се соочи со Динамо Загреб додека ЦСКА настапот во Лига Европа го заврши во фазата по групи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе