Калкулатор поставен на страницата на македонското здружение за заштита при работа може да ја пресмета Ковид возраста на секој граѓанин. Бројката која ќе ја добиете дава одговор дали, и во која ризична група спаѓате кога станува збор за заштитата од корона вирусот, но и дали поради гојазност или одредени коморбидитети би требало да имате предност при вакцинација. Пријавата може да биде и анонимна.
Калкулаторот е наменет за работниците – се наведува индустринската гранка во која работи а понатаму следува прашалник: висина и тежина па хроничните и другите болести, хипертензија, бубрежни заболувања, дијабетис, малигни заболувања и други болести. Од тука раборниците и работодавачите ќе добијат и можност да ги заштитат работниците кои имаат поголема Ковид возраст или пак тие работници би добиле предност при вакцинирањето.
За овој калкулатор се заинтересирале и матичните лекари. За КОД професор доктор Елисавета Стикова, специјалист по медицина на трудот, објаснува што значи Ковид Возраст.
Видовте еден интересен податок, ако си жена, ти намалува 5 години од твојата биолошка возраст, па колкава е твојата здебеленост, дали имаш срцевосадовни заболувања, шеќер, заболувања на бубрегот итн. И за секоја од овие болести се додаваат одреден број на т.н ковид години. За една болест 5 години, за една 3 години, за една болест 7 години, и овој број на години кои што се додаваат се разликува во однос на тоа колкава е твојата биолошка возраст, ако си помлад ти додаваат помалку години, ако си повозрасен ти се додаваат повеќе години.