Македонија Најважни

Законот за лични карти е дискриминирачки и спротивен на граѓанскиот концепт

Крајно несоодветно решение кое може да биде проблематично не само од аспект на дискриминација туку и нарушување на индивидуалните и граѓанските права. Вака професорката Мирјана Најчевска го оценува предложеното законско решение за лични карти, во кои треба да се внесе етничката припадност. Бара негово итно повлекување од процедура.

Внесувањето на етничката припадност во личната карта е барање на БЕСА кое беше услов за коалицирање со СДСМ. Доби подршка и од другите партии од албанскиот блок ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива. Најческа предупредува дека политичките договори не мора секогаш да се имплементираат.

Додека СДСМ се воздржани по ова прашање и бараат преку дебати и аргументи да се изготват законските измени, ВМРО-ДПМНЕ не гледа ништо спорно во понудениот предлог. За нив е прифатливо во личната карта да има графа за етничка припадност.

Апсолутно не гледаме ништо спорно во личните карти да стои националниот идентитет. За жал има и такви парламентарни партии кои од страна му служат на Заев, кои се обидуваат да го спречат сето тоа. Зошто тоа да го опструираме, зошто да му слугуваме на Заев кој има политички договор со Беса и сега бара преку некои странични партии да се нанесе штета, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ .

На измените се спротиставија и политички партии кои се дел од владејачкото мнозинство. Предлагачите, четворицата пратеници од БЕСА сметаат дека припадниците на етничките заедници имаат право да ја искажат својата етничка припадност и преку личната карта, како јавна исправа со која се искажува идентитетот, живеалиштето и државјанството.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе