Да не се градат објекти од тврда градба на самиот брег на Дојранското Езеро, вклучително и патеки е штетно за биодиверзитетот и не дозволува природно прочистување, велат биолозите. Вакви научни ставови се споделени во повеќе студии, а слични се забелешките и за Охрид. Изминатите денови Охридското Езеро на брегот исфрли тони пластика и друг отпад, а самопрочистување имаше и на Дојранското крајбрежје, иако само вегетација.
Вегетацијата е проблем за квалитетот на водата во Дојран. Дел од неа треба континуирано да се чисти поради што општината ќе распише меѓународен тендер.
За понатамошно одржување на езерото, општината ќе добие багер на вода. Инаку, за подобрување на состојбата со езерото Владата ѝ додели на општина Дојран повеќе од еден милион евра.
Сузана Мицева