Најважни Свет

Србија меѓу водечките европски земји по бројот на вакцинации

Србија, заедно со Велика Британија, со повеќе од 636.000 вакцинирани е меѓу водечките европски земји по бројот на дадени дози вакцина против коронавирус на 100.000 жители, но во исто време е на чекор до заострување на епидемиолошките мерки затоа што новите статистички податоци укажуваат на зголемување на бројот на нови случаи и хоспитализации.

Можно е Кризниот штаб денеска да донесе одлука за целосно затворање на угостителските објекти, вклучително и рестораните во хотелите, бидејќи се покажа дека престојот на илјадници луѓе на Копаоник и Златибор придонеле за скокот во бројот на заразени.

Во меѓувреме, на институтот Торлак се подготвува терен за производство на руската вакцвина Спутник V. Денеска почнуваат преговорите со руските експерти кои вчера допатуваа во земјата. Според министерот за иновацијски развој, целиот циклус за производство на вакцината би траел девет до десет месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе