Македонија Најважни

Блокирано внесувањето на етничката припадност во личната карта

Комисиската расправа за внесување на графата етничка припадност во личната карта – заврши пред да почне. Блокирана е со над илјада и 200 амандмани од Левица. Предлагачите од БЕСА тврдат дека ова е дел од мултиетничкиот концепт на државата и бараат поддршка од сите партии. Иако се работи за предизборен договор СДСМ-БЕСА, дел од помалите коалициски партнери, како Демократскиот сојуз, јасно се изјаснија – против, бидејќи тоа е спротивно на граѓанскиот концепт на државата.

Проектот за додавање на етничката припадност во личната карта не доби „виза“ од Комисијата за политички систем. Расправата всушност е одложена до моментот кога ќе бидат преведени на албански јазик над илјада и 200 амандмани. Се работи за притисок, со кој опозициската Левица се обидува да издејствува повлекување на законот. Предлагачите, четворицата пратеници од владеачката  БЕСА, сметаат дека припадниците на етничките заедници имаат право да ја искажат својата етничка припадност и преку личната карта, како јавна исправа со која се искажува идентитетот, државјанството и живеалиштето.

Демократскиот сојуз, исто така дел од владеачката коалиција, е против. Претседателот Павле Трајанов писмено соопшти дека тоа е против граѓанскиот концепт на државата и дека може да предизвика повреда на индивидуалните и на граѓанските права.

  • Тоа што е навидум право на определба на граѓаните, во суштина значи нагласување на етничката припадност, односно можност за поделба по етничка основа и за различен третман, поларизација и дискриминација…Ова ќе значи и можност за пребројување по етничка припадност, како и можност за поделби, затворање во етнички гета, нарушување на еднаквоста, расправии, нетрпеливост, омраза, па дури и физички пресметки, смета Павле Трајанов, Претседател на Демократскиот сојуз.

Водечката владеачка партија СДСМ тактизира. Најавува соочување аргументи, но овој предлог го сметаат за усогласен со Законот за јазици.

Внесувањето на етничката припадност во личната карта е барање на БЕСА старо неколку години. Ја има поддршката од ДУИ, која го смета за дел од договорот за уставните измени, но и од Алијанса-Алтернатива. Стана дел од договорот на Владата предводена од Зоран Заев и движењето БЕСА уште на 11 јануари 2019, кога тоа беше објавено преку заедничко соопштение.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе