Македонија Најважни

Антикорупциска стави на тапет тројца пратеници и министер, во нивните фирми поставиле роднини за директори

Тројца пратеници и министер се најдоа на тапет кај Антикорупциската комисија бидејќи во нивните фирми, по стапувањето на функциите, поставиле блиски лица сопружници и роднини со што го прекршиле законот кој тоа строго го забранува,.

Станува збор за пратениците Љупчо Пренџов од ГРОМ, Скендер Реџепи од Алтернатива, Абдула Салиу од Aлијанса и министерот за земјоделство Аријанит Хоџа за кои антикорупционерите едногласно одлучија да се отвори постапка. Доколку се потврдат наодите во постапката тие ќе треба да платата казна која според членот 105 од законот за спречување корупција изнесува од 300 до 500 евра.

На денешната седница беше отфрлена пријавата од ВМРО – ДПМНЕ против премиерот Зоран Заев за судир на интереси и корупција која се однесува на доделување на концесии за ископ на глина на две фирми „Еленица “ и „Тотал Инженериг“ сопственост на неговиот брат и братучед.

Антикоурпционерите утврдиле „еленица“ поседувала таква концесија повеќе од 20 годино но и дека премиерот  Заев се иземал од гласањето а концесиите ги доделило министерството за економија.

Антиокорупционерите ја запреа постапката против директор на сердно училиште од Кочани кој ја вработил својата сопруга како професор бидејќи тој веќе платил глоба а Училишниот одбор и Државниот образовен иснпекторат не утврдиле додволно елементи за негово разрешување.

Две советнички во општинскиот совет кои работеле во градинка и не се изземале на Седница на советот каде се гласало токму за јавната установа во која тие работат и токму со нивните гласови одлуката била прифатена се казенти со по 500 евра.

На денешната седница Антикорупционерите го усвоија образецот според која ќе се оценуваат пртедметите и со кој ќе им се олесни работата бидејќи поради напливот на предмети тие губат доста време при самата проценка дали да се постапува по нив или не.

Од денеска нов заменик на претседателот на Антикорупциска е Шемши Салаи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Конфедерацијата на синдикални организации на чекор до Економско-социјалниот совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе