Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Кралството Белгија ја искористи да оствари посета на Седиштето на НАТО, каде имаше средба со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.
„За мене лично, денешната посета на НАТО е повеќе од симболична, ова е моја прва официјална средба тука, по преземањето на функцијата, предводник на дипломатијата на Северна Македонија,и не верувам дека е игра на случајност, но денешниот ден се совпаѓа со ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието. Со што се потврди цврстата, едногласна и суверена одлука да бидеме денес е 30-та полноправна земја – членка на Алијансата, а тоа е навистина убаво чувство – да се биде и официјално дел од најважната (најсилната) политичко(-воена) алијанса на светот“, истакна Османи.
Османи и Столтенберг разговараа околу активностите на Република Северна Македонија во насока на заокружување (на процесот за) и целосно интегрирање на земјата во структурите на НАТО, финализација на правната рамка, ратификување на договорите што произлегуваат од нашето членство во организацијата и други активности што произлегуваат од членството.
На средбата беа разменети и повеќе мислења околу политичко-безбедносната состојба во регионот и пошироко, како и околу нашето учество во натамошните планови и активности на Алијансата, а се разговараше и околу актуелните состојби со КОВИД 19 пандемијата, при што заеднички беше констатирана потребата од тесна соработка во рамки на НАТО и со земјите членки во справувањето со оваа глобална криза.
„Особено сме благодарни до сите земји-членки и партнери што обезбедија помош за нашата земја, што го цениме како висок степен на солидарност, како клучен принцип врз кој се темели НАТО“, нагласи Османи.
На средбата присуствуваше и амбасадорот на државата во седиштето на НАТО, Дане Талески.
Османи е во дводневна билатерална посета на Луксембург и Белгија, во рамките на дипломатските активности за посета на европските главни градови, (што првенствено има за цел да го презентира) со цел презентација на европското досие на Северна Македонија.
Денеска од одбрана информираа за телефонскиот разговор меѓу министерката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Столтенберг.