Вести Македонија Најважни

Се чека на „Фајзер“ откако српската влада ги собрала сите документи за вакцините за Македонија

Србија ја средила документацијата за вакцините на „Фајзер“ наменети за Македонија, па сега се чека само амин од компанијата вакцините да тргнат кон македонската граница. Од македонската влада за Телма информираат дека добиле потврда од српската влада дека ја комплетирале документацијата.

„Во моментов се очекува во најбрз можен рок компанијата Фајзер да издаде документирано одобрување до Република Србија после што веднаш ќе се реализира примопредавање. Откако вакцините ќе влезат во Република Северна Македонија, ќе биде обезбедена домашната документација и за таа процедура не постои никаков проблем“,  наведуваат од владата.

Инаку сагата со доставата на вакцините „Фајзер“ од Србија за Македонија трае веќе еден месец откако беше најавена од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денеска требаше лично да и ги испорача на македонската влада на граничниот премин Табановце. Откако цел месец се чекаше дозвола од „Фајзер“ за испорака како во секој добар трилер, неочекуван пресврт настана во последните минути, во овој случај на 15 часа пред испораката, кога прес-службата на српскиот претседателсиноќа 15 минути пред 23 часот соопшти дека компанијата „Фајзер“ им побара доополнителни технички документи, шест часа по завршувањето на работното време на канцеларијата на „Фајзер“ во Белград.

„Го добивте претставништвото на компанијата „Фајзер“ во Белград. Работното време е од 9 до 17 часот секој работен ден, од понеделник до петок“, информира снимениот глас.

Телма денеска се обиде да го исконтактира претставништовото на „Фајзер“ во Белград за повеќе информации кога ќе ја одобрат испораката и кој документ во последен момент го побарале, но безуспешно. Освен снимената телефонската секретарка, никоја од таму не одговараше на телефонските повици.

Од владата на Србија за повеќе информации пак не пренасочија на Кабинетот на претседателот Вучиќ кој ја презел испораката на вакцината, иако набавките, испораките и документацијата околу вакцините ги спроведуваат инситуциите кои се под ингеренција владата.

Телма телефонски го контактираше и кабинетот на Вучиќ, но од таму не беа расположени за давање повеќе детали за одложувањето на испораката на вакцините и кога таа би се случила, повикувајќи се на штурото соопштение објавено од синоќа дека им биле побарани дополнителна техничка докумемтација.

И додека се чека финалето со 8.000 вакцини од Србија, а пред се 200.000 од Кина најавени дека ќе пристигнат на 15 февруари, македонските граѓани веќе наголемо се пријавуваат на сајтот „vakcinacija.mk“ за вакцинирање. Според информациите од Мој Термин за Телма до 14.30 часот денеска за вакцинирање се регистрирале околу 26.000 граѓани, а оти системот за пријавување работи без проблеми. Телма денеска повторно ја провери функционалноста на сајтот, при што пријавувањето на сајтот преку мобилен телефон одеше побрзо отколку од компјутер.

Први на листата за вакцинирање се здравствените работници во болниците со висок ризик за инфекција, па потоа лицата постари од 70 година. Досега земјава за февруари и март обезбеди околу 240.000 дози вакцини од Кина, Србија и Ковакс механизмот, а се уште се чека потпишувањето на договор на македонската влада со „Фајзер“ за директна набавка на 800.000 вакцини од компанијата до крајот на годината, од кои во првата транша би биле испорачани 5.850 дози.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе