Примопредавањето на пратката вакцини од Република Србија за Република Северна Македонија е одложена од технички причини, соопштуваат од Владата на РСМ.
„Српските власти побараа неколку дена време поради потребата да достават дополнителни документи што од нив ги побарала компанијата производител на вакцините- Фајзер“, пишува во соопштението.
Од влада уверуваат дека работат со сиот капацитет да обезбеди вакцини со кој би почнал процесот на имунизација против Ковид-19. За таа цел, од вчера, во функција е веб- страницата www.vakcinacija.mk на која секој граѓанин може да изрази интерес за вакцинација, по што ќе биде информиран од својот матичен лекар за терминот.