Теодор Симиќ кој го носи дресот на Барселона е повикан во националниот тим и со 17 години е на најдобар пат да биде еден од најмладите дебитанти во кошаркарската репрезентација на Македонија.
“Ме изненади повикот на селекторот во А репрезентацијата. Подготвен сум да го дадам максимумот, и да го оправдам повикот, иако сум најмал во оваа репрезентација. Нормално е да чувствувам трема. Но сепак тоа е позитивна трема и се надевам дека таа трема нема да се одрази на играта во Перм, секако доколку бидам во комбинација за настап. Знам дека во минатиот циклус имаше неколку млади повикани кошаркари кои што не добија шанса поради ситуацијата со Ковид-19. Не само јас, туку останатите млади играчи се надеваме дека преку тренинг и борба на терен, да дојдеме до првите минути во дресот на сениорската репрезентација. Со оглед на ситуацијата со Ковид-19, и некомплетните репрезентации во групата, се надевам дека тоа ќе го искористиме максимално, и секако, да пласираме на Европското првенство”, изјави Симиќ.
ФОТО: Игор Паневски