На социјалните мрежи се појави реакција на ќерка на почината од Ковид-19, која обвинува дека мајка ѝ од коронавирусот била инфицирана на Клиниката за нефрологија, каде одела на дијализа. Таа тврди дека мајка ѝ била во ризична група и по цела година внимавање, се заразила на клиниката каде одела за да преживее.
Цела година ја пазевме бидејќи е во најризичната група (20 години оди на дијализа бидејќи нема бубрези, пред 4 години преживеа рак а пред 2 години имаше тешка операција на срце) внуците цела години си ги гледаше на Вибер. Знаевме дека допир со вирусов за неа е смртна пресуда. На крај ја заразија таму каде што одеше секој втор ден за да преживее, на дијализа. И немаше да пишувам статус да не ја заразеа сестри и доктори кои во време на пандемија решија да прават мекици во Баба Цана и да направат кластер на нефрологија, напиша таа.
Кога се појави кластерот на заболени на нефрологија, директорката на клиниката тврдеше дека се почитуваат протоколите а надзорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не утврди пропусти.