Македонија

Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28. март         

Иницијативниот одбор ги собра потребните потписи на мнозинството делегати и одлучи на вонреден конгрес да побара отчет за сработеното и гласање доверба на актуелниот лидер  Христијан Мицкоски. Сметаат дека е недозволиво, претседателот на кој што му ја дале довербата да не свика конгрес и не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквиот конгрес ќе биде нелегитимен и спротивен на новиот статут на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа иницијатива не е статутарна ниту е правна.Ова е политичка иницијатива на група на луѓе кои што имаат за цел да му помогнат на Заев, да му фрлат гума за спасување и да го одвлечат вниманието. Ваквата иницијатива политички гледано е координирана со Заев на кого што му е очајно потребен дефокус од лошите политики чија што цена ја плаќаат граѓаните со економскиот и здраствен колапс.

Иницијативниот одбор смета дека нема ништо спорно во иницијативата.

Во наредните денови ќе се формираат телата на Иницијативниот одбор, ќе се промовира слоганот и ќе почне со дистрибуција на покани и материјали за делегатите. Доколку по одржаиот конгрес актуелното раководство не ги прифати донесените одлуки, ќе се побара разврска по судски пат.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Конфедерацијата на синдикални организации на чекор до Економско-социјалниот совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе