Македонија

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов нема информации дали бегалецот Игор Спасов, кој е фатен во Софија поради пријава за семејно насилство, а во земјава е виновен за убиството на Мартин Нешковски, е бугарски државјанин.

Посочува дека постапките за екстрадиција се подолги процедури.

-Како што знаете покрај тоа што се вклучени министерствата за внатрешни работи, тука се и министерствата за правосудство и за надворешни работи, неколку институции и судот. Така што кога ќе завршат сите процедури, јас  не можам да  знам. Тоа е една сложена процедура, која бара неколку месеци, вели Ангелов.

Македонскиот министер за правда, Бојан Маричиќ и официјално побара екстрадиција на Игор Спасов. Од ова Министерството денеска информираа дека во текот на вчерашниот ден по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Конфедерацијата на синдикални организации на чекор до Економско-социјалниот совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе